„Тоа што им го направи Грција на Македонците, Бугарија им го прави сто години по ред, а сега Македонците им го прават на Албанците.“ – вели политичкиот аналитичар од Тетово Сулејман Мехази во својата колумна со наслов „Тоа што Македонците им го направија на Албанците, Бугарите им го прават на Македонците“, која ја објави косовскиот весник на албански јазик „Бота сот“.
Мехази пишува: Целосно ја разбираме маката на Македонците, како да не ја разбереме кога уште од Версајска Југославија, од титова Југославија и се до денес во оваа демократска република * Македонија, албанскиот јазик е неприфатлив и е негиран во уставот на оваа држава. Македонците им негираат се на Албанците: јазикот, знамето, идентитетот, културата, но и не само тоа. До денес и денес Албанците се казнуваат, се затвораат, се малтретираат, бидуваат понижувани само затоа што ги бараат своите национални права. Македонците ги мразат толку многу Албанците, што не се разликуваат од Србите и им посакуваат смрт со познатите фрази: „Добар Шиптар, мртов Шиптар“, „Смрт за Шиптарите“.
Народната поговорка вели: „Копајќи му го другому гробот, во другиот гроб влегувате самите.“ Ова им се случува на Македонците: им посакуваат гробишта на Албанците, но ним, на Македонците гробови веќе им ископаа Грците и Бугарите. Подоцна Србија ќе им го ископа гробот и на црковната православна автокефалност.
Иако нашите македонски сограѓани не виделе никакво зло од нас, Албанците, напротив тие, заедно со Србите ги наполнија со зло Албанците: со неотстранувањето на формулацијата „20 проценти“ за албанскиот јазик од Уставот на * Македонија, со внесувањето на Албанците во рангот на малцинствата како Ромите, Турците, Србите и други. Но и не само ова, туку и денес 70 проценти од Албанците се низ затворите во * Македонија, а испоубија Албанци колку што сакаа: во Бродец, Љуботен, Сопот, Куманово, Скопје и др.
И покрај сите овие неправди и зла, кои ни ги направија Македонците, и покрај сите напади, кои сме ги доживеале од Македонците врз нас, Албанците, ние ги поддржуваме повторно. Им ја познаваме психологијата на македонскиот дух, идентитетската, јазичната, националната и државната. Но, Македонците не мразат и постојано не негираат нас, Албанците. Како што се однесувате вие, Македонците кон албанското население во * Македонија, така и Бугарите се однесуваат кон вас. Загтоа ние ве разбираме добро и ве поддржуваме искрено, но вие не сте сте признателни и го заборавате доброто од нас кон вас, не ни мислите добро нам, на Албанците.





