Премиерот Алексис Ципрас денес ќе се состане со водачите на опозициските партии за да ги информира за развојот на тековните разговори меѓу Атина и Скопје за името на Поранешната Југословенска Република Македонија, објави неговата канцеларија.
Предвидени се средби со лидерот на Нова демократија, Киријакос Мицотакис, со водачот на ПАСОК и шеф на Демократската коалиција, Фофи Генимата.
Попладне Ципрас ќе се види со генералниот секретар на Комунистичката партија на Грција, Димитрис Куцумбас, со лидерот на партијата „Потами“, Ставрос Теодоракис и со првиот човек на Центристичката унија, Василис Левентис.
Вчера, грчкиот премиер имаше средба и со шефот на грчката држава Прокопис Павлопулос по која изјави дека владата се обидува да изгради стратегија околу спорот за името со северниот сосед.





