„Социјалдемократскиот сојуз на Македонија денеска и официјално ги повика партиите, но и граѓанските и невладините здруженија, за формирање на ‘Европскиот фронт’, кој, како што велат, ќе го поддржи членството на земјава во ЕУ. Овој фронт значи заедничко учество на претстојните парламентарни и претседателски избори, додека, како што рече пратеникот Мартин Костовски, стратегиска цел ќе биде членство во Европската унија до 2030 година.“ – објави ТВ 21 во својата информација со наслов „СДСМ ги повика партиите во Европски фронт – албанските партии во дилема, кој со кого ќе оди?“.
ТВ 21 пишува: Засега со јасен став се огласи само ДУИ која ќе биде дел од овој фронт заедно со СДСМ., Алтернатива, Движењето Беса и Демократското движење, здружени во опозициската коалиција под име Европски сојуз за промени, ќе одат на избори заедно и нема да бидат дел од овој фронт.
Но, какви планови имаат другите партии? Аријанит Хоџа од ЕДП, вели дека во наредниот период ќе имаат средби со различни политички партии, но засега нема ништо конкретно. Хоџа не ја исклучи можноста да излезат и сами на избори. „Целта беше формално да се добие овластување од Централниот совет и сите повици, кои ќе бидат можни, или дури и од неформалните состаноци, кои ги имавме во изминатиот период, да се формализираат и да разговараме за тоа како сакаме да изгледа коалицијата и кои ќе бидат целите на една можна коалиција, без да сакаме да навлеземе со кои политички партии, бидејќи рано е уште. Нема ништо конкретно. Имаме комуникации со партии, кои споделуваат исти вредности за процесот на европска интеграција“, вели Аријанит Хоџа.
Конечна одлука не донело ниту Движењето на народот. „Овие избори ќе бидат со два табора кај албанските партии. За тоа како ќе се одлучи, ќе одлучат Партиските органи ќе одлучат како ќе се постапи.“ – додаде Скендер Реџепи.
Конечен став нема ниту Алијансата за Албанците, но е голема веројатноста сами да одат на избори. „Во врска со коалициите ќе разговараме во рамките на партијата. Немаме конечен став.“ – вели Арбен Таравари.
Од ДПА нема став. Прламентарните избори се закажани на 8 мај, заедно со вториот круг на претседателските избори.



