Новинарот на емисијата Заспиј ако можеш на Алфа ТВ денеска им се обрати на министерот за полиција Оливер Спасовски и шефот на Скопското јавно обвинителство Гаврил Бубевски со барање да ги објават сите докази кои можат да го расветлат убиството на Вања Ѓорчевска.
Според видеото што тој го објавува МВР можела да ја спречи смртта на Вања Ѓорчевска.
Момироски ќе објави важни детали ако Спасовски и Бубевски не кажат зошто не го спречиле убиството на Вања и ако се обидат да кријат докази.
Откривање на детали од истрага за кривично дело е казниво со закон поради што Момироски досега не ги открил своите информации.






