Додека јавноста ги преболува Вања и Панче во прилепско Бехтел и Енка уништуваат наоѓалиште на ,,Македонит”, обвинуваат експерти

Додека јавноста ги преболува Вања и Панче експертите предупредуваат дека во прилепско Бехтел и Енка го уништуваат местото каде е најден ,,Македонит”.



Претседателот на Комитетот за зачувување на природното и културно наследство Васја Димоски предупредува дека во прилепско се уништува важен локалитет каде има ретки минерали и каде е пронајден реткиот минерал Македонит.

Според неговата информација на локалитетот веќе копаат машините на Бехтел и Енка со што прават огромна штета на македонското минерално богатство.

Македонит е минерал кој името го добил по Македонија.

За првпат е откриен во пегматитско-хидротермалните жици што се јавуваат во серијата на сиенитите кај селото Алинци, Прилепско.

Македонитот по состав е PbTiO3, кристализира четириаголно и обично се јавува во кристални облици што се комбинација на призми. Има црна боја со кафеава нијанса и стаклеста сјајност. Во пегматитско-хидротермалните жици кај Алинци македонитот се јавува заедно со амазонитот, кварцот, титанитот, рутилот, анатасот и монацитот.

Целото писмо од Димески кое е испратено и до полициската станица во Прилеп.

Мистериозната неказнивост на осомничениот убиец е стара цели 23 години

Види Вака: Палевски многу пати го кршел законот но не одлежал ниту еден ден (ВИДЕО)