Пендаровски се откажа од трката за нов претседателски мандат

Македонскиот претседател Стево Пендаровски
објави дека нема да биде дел од трката за нов претседател на Македонија.



Пендаровски денеска изјави дека не размислува да кандидира за следен претседателски мандат.

Тој негативно одговори на новинарско прашање дали размислува за втор мандат, но не сакаше да даде повеќе детали за причината.

Шефот на државата учествуваше на отворениот форум за антикорупција во организација на Македонскиот центар за меѓународна соработка каде порача дека борбата против корупцијата е долг процес за кој треба политичка волја и широк општествен и политички консензус.

Предходно Пендаровски изјави дека ќе чека до крајот на годинава за да ги види анкетите по што ќе донесе решение за кандидатурата.

Изјавата на Пендаровски доаѓа откако вчера министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски ја злоупотреби прес конференцијата на МВР за лична промоција и ставови.

Според анкетите ниту Пендаровски нити Спасовски немаат шанса да победат во трката за претседател. (Г.М.)