Притвор за човекот што го возел Палчо од Белград до Турција

На лицето С.Д. (46) кој со џип „ренџ ровер“ го превезол првоосомничениот Љупчо Палевски Палчо од Беглрад до турскиот град Баликесир, Кривичен суд му одреди 48 часовен притвор.



Тој бил приведен при враќањето преку граничниот премин Дојран.

Лицето кое му помогна на Палевски во бегството е всушност негов сопартиец во партијата Десна и според тоа што можеше да се открие преку социјалните мрежи станува збор за Стефан Димковски од Струмица.

Во соопштението на судот за притворот на Димоковски се вели:

„Судија на претходна постапка го прифати и предлогот за определување мерка краткотраен притвор од 48 часа за С.Д. кој е осомничен за кривичното дело – помагање на сторител во извршено кривично дело од чл. 365 ст. 3 вв ст.1 од КЗ, а заради постење на основите од точка 1 и 3 од став 1 на чл. 165 од ЗКП“.