За СДСМ МВР спровела успешна акција во случајот со убиството на малата Вања и пензионерот Панче Жежовски.
Во соопштение за јавност утрово СДСМ ја поздравува успешната акција на Министерството за внатрешни работи, со која е фатен извршителот и целосно е расветлен грозоморниот случај со убиствата што го потресе целото општество.
,,Министерството за внатрешни работа со професионалност и посветеност на високо ниво, го расветли случајот поднесе кривични пријави за сторителите на монструозното злосторство.
Очекуваме во најкус можен рок сите сторители и инволвирани да бидат изведени пред лицето на правдата и да понесат одговорност за злосторството кое ја потресе целата јавноста”, се вели во соопштението од Бихаќка.
СДСМ не ги коментира низата нелогични и нејасни ситуации поврзани со случајот како на пример зошто не се барало возилото на Жежовски кое се користело во убиството на Вања.





