Вчера во СВР Куманово било пријавено дека на улицата “Борис Кидрич” во Куманово М.С.(44) испукал со пиштол и го повредил Т.Ш. (49) во пределот на нозете.
„Според пријавеното, причина биле меѓусебни нерасчистени односи. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, соопшти МВР.
Вооружениот напад се случи вчера попладне на паркингот на т.н. „Чоробенско ќоше“, на исклучително фреквентен дел во центарот на градот, каде има повеќе дуќани и стамбени згради. Пукањето ги вознемири станарите и случајните минувачи.
Неофицијално се зборува дека е повреден сопственик на менувачница во Куманово, а по пукањето напаѓачот побегнал.






