Таткото на Вања уште е во притвор, засега без кривична

Уште не е поднесена кривична пријава против Александар Ѓорчевски, таткото на убиената Вања за неговата вмешаност во трагичниот случај.



Како што објави синоќа министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, засега за него уште важи 48-часовниот притвор и уште се утврдуваат фактите и доказите.

Тој на сослушувањата отфрлал вмешаност со киднапирањето на 14-годишната ќерка.

Синоќа беа поднесени пет кривични пријави.

За едно лице е поднесена кривична пријава за грабнување и за убиство, против три за грабнување и за соизвршителство во убиството и против едно за помагање при грабнување. Случајот е предаден во ОЈО.