Детаљ од вонредната прес-конференција на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во функција на претстојните избори (за претседател) – кои земји што му помогнале на МВР во лоцирањето и приведувањето на Љупчо Палевски му се „пријателски“, а кои само „републики“.
Наводниот прв избор на СДСМ за претседателски кандидат ги почести Турција и Србија со епитетот „пријателски“, а источниот сосед го именува само со официјалното име Република Бугарија, иако на сите им се заблагодари за соработката, плус на Хрватска.
Згора, изразувајќи згрозеност од убиствата на 14-годишната Вања Ѓорчевска и на 74-годишниот Панче Жежовски, Спасовски се претстави како „граѓанин на Македонија“, испуштајќи ја географската одредница „Северна“ од името на државата што ѝ го натури партијата на која е потпретседател, погазувајќи на волјата на две третини од избирачите што го бојкотираа пропаднатиот референдум од 30 септември 2018 година.
За (не)пријателските држави и за „македонствувањето“ на првиот полицаец околу 10. минута од почетокот на видеото од пресот:






