Кочо Анѓушев и фамилијата непосакувани во САД поради вмешаност во корупција

Екс- вицепремиер Кочо Анѓушев и неговата фамилија се ставени на црната листа на САД, со што им се забранува влез на американска територија.



Соединетите Држави го назначија поранешниот вицепремиер Кочо Анѓушев како неподобен за влез „поради неговата вмешаност во значителна корупција“, се вели во соопштението објавено на веб страницата на Стејт департментот.

„Анѓушев, додека ја извршуваше функцијата вицепремиер, ја злоупотреби својата службена положба во корист на неговите приватни деловни интереси, поткопувајќи ја довербата на јавноста во Македонија во нивните владини институции и јавни процеси“, се вели во објавата.

Покрај Анѓушев на листата се и неговата сопруга, Елизабета, и децата, Ангел и Огнен.