Обдукцијата врз телото на Вања Ѓорчевска во Институтот за судска медицина и криминалистика во Скопје е завршена и тоа е еден од крунските докази во постапката против Љупчо Палевски-Палчо, Велибор Манев, Влатко Кешишев, Боре Видевски и таткото Александар Ѓорчевски осомничени за киднапирањето и убиство на 14-годишното девојче.
Вчерфа, телото е предадено на семејството.
Анализите по извршената обдукција која треба да ги утврди причините за насилната смрт, времето кога девојчето починало… се во тек и откако целосно ќе завршат, ќе биде изготвен обдукционен извештај кој со сите комплетни податоци и анализи ќе биде предаден на Основното јавно обвинителство Скопје.
Извештајот ќе биде дел од клучните докази во истрагата за овој грозоморен настан.
На вчерашната прес-конференција на МВР и ОЈО Скопје беше соопштено дека е убиена со пиштол, околу два и пол часа откако била грабната, но засега ова се податоци од исказите на осомничените лица.
Фактите ќе ги покажат анализите од обдукцијата.






