Орбан: Пристапување на Украина во ЕУ е неосновано

Унгарскиот премиер Виктор Орбан се чини дека ќе ја попречи одлуката за отворање на преговорите за пристапување на Украина во Европската унија, што треба да се одржи на Европскиот совет подоцна овој месец, пренесе Политико.



„Јасно е дека предлогот на Европската комисија за пристапување на Украина во ЕУ е неоснован и слабо подготвен“, објави Орбан доцна во неделата на „Х“, поранешен Твитер.

Орбан категорично се спротивстави на отворањето на пристапните преговори за Украина, откако Европската комисија даде зелено светло за почеток на преговорите за членство во ноември.

Комисијата оцени дека Украина разурната од војна, која сè уште се бори против целосната инвазија на Русија, постигнала доволно напредок за да гарантира отворање на преговорите.

Следниот чекор е лидерите на ЕУ да го одобрат планот за започнување разговори од извршното тело на ЕУ за време на самитот во Брисел на 14 и 15 декември – освен ако Орбан не го спречи тоа.

Противењето на Орбан доаѓа во време кога Будимпешта е во долгогодишен спор со Брисел, кој задржува 13 милијарди евра од фондовите на ЕУ поради загриженоста дека Будимпешта ги прекршува европските стандарди на владеење на правото.

Во објавата на ‘X’, унгарскиот премиер тврди дека дискусиите за членството на Украина во ЕУ „не се совпаѓаат со интересите на многу држави, секако не со оние на Унгарија“, и ја повика Комисијата „да го врати [нивниот план] назад и да го подготви правилно…