Многу критики за министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски откако тој ставил потпис на пропагандна порака на МВР која нема ништо со него лично.
Пропагандната порака се однесува на потребата од опремена полиција за безбедни граѓани.
“Да го потсетиме министерот дека не е Оливер Драгоевиќ и ова не е негов приватен концерт. Ова е министерство за внатрешни работи, државна институција и името и презимето на министерот се само дел од институцијата, не е МВР негова своина”, е една од пораките на социјалните мрежи кон министерот Спасовски.
Зошто министерот ставил свој потпис на кампања на МВР засега министерството не објаснува.





