Евреите од Грција со осуда за вандализмот по митингот во Солун

Централниот одбор на Еврејска заедница во Грција го осуди вандализирањето на споменикот на холокаусот во Солун од припадници на партијата Златна зора по митингот во неделата против зборот Македонија во името на северниот сосед.



„Само една недела пред Меѓународниот ден на сеќавање на холокаустот следбениците на нацистичката партија во Грција го обзнанија своето присуство со сквернавење на споменикот на холокауст во Солун со нивниот отфрлен потпис“, соопшти Одборот.

По маршот графити со логото на Златна зора осамнаа на споменикот на холокаустот, а на плоштадот беа најдени и антисемитистички летоци во кои солунскиот градоначалник Јанис Бутарис се нарекува „слуга на Евреите“.

„Тие не го осквернавија само сеќавањето на 50.000 Евреи од Солун, туку и на 65.000 Евреи од Грција, како и на 6 милиони Евреи во Европа депортирани и ликвидирани од нацистите во германските концентрациски логори. Тие ги осквернавија вредностите на демократијата, цивилизацијата во градот, и докажаа дека остатоците од нацизмот сѐ уште се вкоренети во нашата земја. Корените, кои ако не се искоренат од општеството, би можеле уште повеќе да нè раководат во најтемниот период на светската историја“, се додава во соопштението.

Осуда за вандализмот стигна и од Градскиот совет.

Споменикот неодамна беше осквернавен и со пораката „Слободна Палестина“.