Фолк-пејачката Николина Чакардакова од Бугарија во интервју за бугарската Нова ТВ објасни зошто повеќе не настапувала во Македонија.



„Лута сум на Северна Македонија и повеќе не одам на настапи таму. Велат секоја песна е нивна. Сè е веќе нивно, дури и Месечината е нивна“, се пожали 55-годишната фолкерка.

„Откога се сеќавам, пеам. Следната година правам 25 години на големата сцена. И секое интервју го започнувам со тоа дека пеам бугарски песни од македонскиот крај. За да не се занесат браќата Македонци дека им земаме нешто нивно. Бугарите плачат на убавите песни, на пример на ‘Мој роден крај – рајска градина“ и на ‘Зајди, зајди јасно сонце’ исто така“, додаде Чакардакова.

Оливер Спасовски наречен Збунка
Зошто МВР не смееше да му дозволи на Спасовски да собира политички поени за убиствата (ВИДЕО)