Македонија може пак против Бугарија во Лигата на нациите

На фудбалската репрезентација на Македонија може да добие можност за да ѝ се реваншира на Бугарија за поразот во Скопје уште во следниот циклус од Лигата на нациите, откако двете селекции ќе бидат извлечени од различни садови во ждрепката за групите во дивизијата Ц на 8 февруари во Париз.



УЕФА ја смести Македонија во третиот сад заедно со Северна Ирска, Словачка и Кипар, што значи дека нема да ѝ бидат противници во групата, а Бугарија е во вториот сад со Азербејџан, Косово и Фарски Острови, кои исто така се можни ривали на „црвено-жолтите“ во групната фаза.

Носители на некоја од четирите групи ќе бидат Романија, Шведска, Ерменија и Луксембург, а аутсајдери се Белорусија, Естонија, Летонија и подобриот меѓу Литванија и Гибралтар.

Според новиот формат на натпреварувањето што ќе почне во септември, победниците на четирите групи ќе напредуваат во дивизијата Б, а второпласираните ќе играат бараж со третопласираните од повисокиот сегмент за место во него за наредниот циклус од Лигата на нациите.

Македонија и Бугарија во минатиот циклус ремизираа 1:1 во Разград, а во реваншот во Скопје славеше источниот сосед со 1:0.

Во меѓусебните дуели македонската репрезентација има две победи, две нерешени и пет порази.