Притвор за таткото на Вања

48 часовен притвор определи судија на претходна постапка за, таткото на убиената 14 годишна Вања Ѓорчевска од Скопје. Кривичниот суд го прифати предлогот на обвинителството за 48 часовен притвор за Алелсандар Ѓорчевски .
Тој пред судија беше избеден вечерва, откако повеќе од 24 часа беше во полициска станица. Ѓорчевски кога пристигна во судот дури и направи гест со подигање на палците нагоре за да ги поздрави медиумите.
Инволвираноста на таткото е според исказите на останатите осомничени, кои сведочеле дека Ѓорчевски ги информирал во колку часот заминува Вања на училиште и дека ќе го напушти домот сама.
Мерка притвор веќе е определена за тројца од осомничените, додека за Палевски, кој ја напуштил Македонија отворена е истрага по итна постапка и тој се бара со меѓународна потерница.