Битиќи: Во случајот со Вања институциите беа на највисокото професионално ниво, реакцијата не треба да им се мери со минути, туку со конечниот епилог!

„Вицепремиерот за економски прашања и потпретседател на СДСМ Фатмир Битиќи во емисијата ‘Клан дебата’ на ТВ Клан Македонија ја искажа својата потресеност, поради убиството на 14-годишното девојче, каде што е вмешан и нејзиниот татко. Запрашан за реакцијата на институциите, дали тие потфрлија во случајот со убиството на Вања Ѓорчевска, при што убиството на Лиридона Адемај во Косово тамошните институции го решија многу брзо тој случај, а а во Македонија траеше речиси една недела, Битиќи одговори дека нашите институции реагирале многу професионално.“објави ТВ Клан Македонија.



ТВ Клан Македонија пишува: „Во случајот во Косово, но и во случајот во * Македонија институциите покажаа дека полека го достигнуваат своето највисоко можно професионално рамниште и јас не ги мерам со минути, туку со конечниот епилог. Добро е што криминалците си го добиваат потребното место, со оглед на професионалноста на институциите.“ – посочи Битиќи.

„Усогласувањето за датумот за следните претседателски и парламентарни избори беше главна тема, на која се разговараше денеска на лидерската средба.“ – кажа Битиќи. Според него, ВМРО-ДПМНЕ не ја отворила темата за отстранување на техничката влада во последните 100 дена од мандатот, како што најавија партијата на Мицкоски. Немаше ниту обид да се постигне компромис за уставните измени, додека како што вели Битиќи, првиот човек на ВМРО бил многу смирен на средбата.

„Заврши времето на мрачните сценарија.“ – одговори вицепремиерот и потпретседател на СДСМ Фатмир Битиќи, откако му беше поставено прашање во врска со можноста ВМРО ДПМНЕ да се спротивстави на формирањето на техничката влада.  Според него, ова прашање е јасно дефинирано со закон и ниту еден субјект не може да му се спротивстави, ниту да го спречи тоа. Тој изнесе дека мора да се почитува законот, кој произлезе како резултат на договорот од Пржино и според кој во последните 100 дена пред парламентарните избори мора да има техничка влада, во која опозицијата ќе учествува активно.

Битиќи нагласи дека на партиската средба во СДСМ разговарале и не го напуштаат договорот пред четири години со ДУИ на Ахмети, според кој позицијата премиер во последните 100 дена ќе и припадне на партијата на Ахмети. Според него, во СДСМ немало спротивставувања на оваа идеја и покрај тоа што договорот го направил поранешниот лидер Зоран Заев. „Ние сме партија, која многу цврсто се придржува до секој пишан договор и даден збор.“ – рече Фатмир Битиќи.