„Европскиот сојуз за промени, сочинет од албанските опозициски партии по напуштањето на денешната средба на лидерите на партиите го обвини Талат Џафери дека подготвува сценарио за фалсификување на изборите.“ – објави ТВ Клан Македонија.
ТВ Клан Македонија го пренесува соопштението на албанската опозиција: „Лидерите на Европскиот сојуз за промени ја напуштија средбата на лидерите, откако замина и претседателот на Парламентот Талат Џафери во моментот кога се расправаше за пополнувањето на местото член на Државната изборна комисија.’ – информираше Изет Меџити, претседател на Демократското движење. ‘Излеговме и ние, бидејќи немавме со кого да ги соочиме аргументите.’ – укажа Меџити.“
„Тој рече дека бараат предвремени парламентарни избори, бидејќи оваа Влада не го исполни главното ветување за евроинтегрирање на државата. ‘Нашиот предлог за датумот на изборите е 14 и 28 април. На 28 април да биде вториот круг од парламентарните и претседателските избори, за да не дојдеме во моменти некој да не ги прифати изборните резултати.’ – нагласи Изет Меџити.“
„Во врска со техничката влада тој рече дека треба да ја има, но министрите треба да ги одреди албанската опозиција, со цел да се создадат услови за фер и демократски избори. Што се однесува до членот на Државната изборна комисија, лидерот на Демократското движење Изет Меџити посочи дека претседателот на Парламентот Талат Џафери ова го оддолжува цело време, цела година со намера да не се избере член и да не биде комплетирана Државната изборна комисија.’ – се наведува во соопштението на Европскиот сојуз за промени, сочинет од албанските опозициски партии.“





