Со една минута молк за грозоморното убиство на 14 годишната Вања започна и седницата на Зелс

Со едноминутно молчење градоначалниците од цела Македонија и оддадоа почит на 14-годишната Вања. Градоначалниците изразија сочуство до семејството.



За 30% да се зголемат блок дотациите на општините за нормално да функционираат, но и централната власт да го почитува договореното, а не да бега од одговорност. Во контекст на Министерството за образование, кое заедно со УНИЦЕФ работи на новата предлог-методологија за распределба на блок-дотациите за основно образование, претседателот на Зелс укажа дека нивниот став, кој е испратен и до МОН, е дека неопходно е зголемување на блок-дотациите за образование, бидејќи има општини што 95%, па и 97% од овие средства ги трошат за плата на вработените, а сѐ друго покриваат од свои средства.

Претседателот на Заедницата на единиците за локална самоуправа, се пожали дека општините иамле и дополнителни трошоци, како скапата струја, и сами не можеле да го пребродат овој тежок период. Дека општите се приморани сами да вработуваат кадар во школите без помош од министерството за образование потврдија и од СОНК, кои побараа власта да покаже поголема сериозност кога се работи на училишта и градинки.

Од Зелс велат дека лоцирани биле еден куп аномалии што го оневозможуваат развојот на општините и бараат итно унапредување на методологијата за правично насочување на парите од централно на локално ниво, во согласност со европските практики. Ако нема сериозна помош од централната власт, сите локални самоуправи уште повеќе ке западнат во криза.