Јордановска за избеганиот првоосомничен за убиството на Вања: Шеф на скопскиот СДСМ, градежник, лидер на партија и подкастер

Новинарката Јорданка Ивановска Јоци потсетува кој е првоосомничениот за убиството на Вања Ѓорчевска избеганиот Љупчо Палевски – Палчо.



Ивановска меѓу другото прашува како е можно Палевски и покрај две тешки кривични дела тој да не биде осуден на затворска казна.

Таа потсетува дека Палевски, кој три години имаше своја емисија на порталот Инфомакс а од оваа сезона има свој подкаст беше шеф на скопската организација на СДСМ а поради криминал со месеци беше и во екстрадициски приговор во Белград.

,,❗️Љ.П.Палчо и друг прекар УПА по градежната фирма ,,Упа Ентерпрајз”, одамна требаше да биде во затвор и таму да биде заборавен. Само последниве години, имаше зад себе кривично дело ,,👉оддавање службена тајна” и 👉,,носење оружје без дозвола”, дела за кои не е осуден.
ℹ️ Зошто ова суштество не беше во затвор во мандат на СДСМ?

▪︎ Станува збор за поранешен моќен сдсмовски градежен и медиумски магнат од времето на Бранко Црвенковски т.е крајот на 90-те, кога паѓа владата на БЦ.
По падот на владата го формира #неделникот ,,#Старт”.

▪︎Потоа, во 2002, кога СДСМ доаѓаат пак на власт, е наименуван за претседател на Градската организација на СДСМ.

▪︎ Сопственик на неделникот “Старт”, финансиран од сдсмовски кругови. Со новинарски имиња како #Мирка и #Ефтов
Ја купи и ТВ “Скопје”, која никогаш не проработе, а во која беше вработена Оливера Трајковска.

❗️ #Градежник, кој своите зданија во Дебар маало, ги изгради поради блискоста со тогашниот градоначалник #Мирослав #Грчев. Градеше високи згради, по план на Грчев, кој Министерството за урбанизам и Душко Кадиевски, го враќаа и по пет пати во годината, за на крај воопшто да не се усвои.

По доаѓањето на Љубчо на власт, прво што направи новата власт беше уривање на дивото поткровјето на негова вселена зграда на улица #Пиринска” во Д.маало. Тогаш бев новинар и сцените со вриштење, полиции и колнење од станарите, уште ги паметам.

Воедно, јас, во тоа време, 500 текста напишав за неговата зграда #Тифани, која Грчев ја нацрта на трасата на подземната сообраќајница.

❗️Се зборуваше и дека Палевски дал 100.000 марки на УЧК во 2001 за да не му ја палат печатницата во М.Речица.

Пред 2-3 години стана актуелен по формирање на некакво движење ,,Трета”, а на фотографијата е од пред две години кога непознати моторџии во движење му ја искршија главата пред неговата куќа”, пишува Ивановска за Палевски кој сега е надвор од Македонија.