„Имаме искази како дошло излегувањето од контрола за само два часа и убиство на девојчето.



Сторителите ги фатило паника дека јавноста во целост беше ангажирана во пронаоѓање на детето, па одлучиле дека парите ќе ги бараат подоцна и го лишиле од живот детето“, рече обвинителот Гаврил Бубевски на денешната прес конференција одговарајќи на новинарско прашање.

„Во однос на инволвираноста на таткото, двајца осомничени признале дека информации за движењето на детето добиле од осомничениот кој е надвор од државата кој им рекол дека информациите се од таткото“, одговори Бубевски на новинарско прашање и додаде дека се вршат истраги дали е точно дека мајката има продадено стан и цел на злосторниците биле овие средства.

„Оттука, таткото само со споредни докази се укажува дека наводно бил вмешан и засега нема основ да биде обвинет“, рече Бубевски. 

Видео од прес конференцијата на следниот ЛИНК