IN MEMORIAM: Почина човекот кој го натера Глигоров да го смени македонското државно знаме со сонцето од Кутлеш

Вчера во 84 години од животот во Атина почина пензионираниот грчки дипломат и поранешен пратеник во Европскиот парламент Христос Захаракис.



Захаракис беше главниот грчки дипломат во процесот на потпишување на Времената спогодба со Грција по што Македонија предводена од Киро Глигоров се откажа од знамето од Кутлеш и од Македонците во Грција.

Захаракис беше дипломат кому најважните дипломатски задачи му ги даваа и владите на ПАСОК и на Неа Демократија и како човек од доверба беше главниот преговарач за Времената спогодба меѓу Грција и Република Македонија од 1995 година, со што заврши ембаргото на Грција кон земјава.

Во текот на 35-годишната кариера како дипломат, Захаракис служеше како амбасадор во Никозија (1979-86), постојан претставник во НАТО (1986-89), амбасадор во Вашингтон (1989-93), генерален секретар на Министерството за надворешни работи (1993- 94), постојан претставник во Обединетите нации (1994-99) и амбасадор во Лондон (1999).

Најчитани вести

МВР ја смени маршутата за осомничените

(ВИДЕО) Во судот донесен втор осомничен за убиството на Вања