Откако албанската опозиција (Европскиот сојуз за промени) ја напушти денешната лидерска средба, претседателот на Беса Билал Касами реагираше на фејсбук со ставот дека власта чувствува страв поради загуба и оти од таа причина подготовува манипулирање на изборите.
Во објавата на својот фјсбук-профил Касами пишува: „Денеска уште еднаш се докажа дека оваа власт поради стравот од губење реши да манипулира со изборите. Наместо да се соочи со нашите аргументи за причината за пополнување на Државната изборна комисија, претседателот на Собранието реши да избега од расправата. Ако во оваа земја треба да се расправаме и да аргументираме за работи. кои се толку јасни, како што ги дефинира правниот поредок во земјата, можеме ли да замислиме што е способна да направи оваа власт за работи, кои може да се толкуваат?!
„Ова што се случи денеска во Собранието е аргумент дека власта подготвува фалсификување на изборите. Затоа ова е аларм не само за нас, туку и за нашите меѓународни пријатели за рамништето, на кое се деградира демократијата кај нас. После ова се губи смислата на плурализмот. Но, нема да дозволиме да се ограби волјата на граѓаните, без разлика на цената. Уште отсега ги уверуваме граѓаните дека нашето учество на изборите, меѓу другото, има и важност за воспоставување на демократијата во * Македонија.“





