Мајка на две деца бара власта да не ги дели децата на сиромаси и богати

Мајка на две деца бара власта со новите антикризни мерки да не ги дели децата на сиромаси и богати.



,,Кога се носи антикризна мерка со која се опфатени различни категории на граѓани не смее да има дискриминаторски предуслов.
Основци, средношколци, студенти ќе добијат помош!!!
Ќе добијат помош само оние чии родители имаат примања до 50 000 денари!!!

Па да ве прашам зошто манипулирате со назив на категории???
Дајте им помош на родителите па тие нека ги распределат средствата.

Не ги делете младите и не ги манипулирајте, правилата се еднакви кај сите категории”, бара Светлана Колариќ, родител и советник во Општина Кисела Вода.

,,Зар децата не јадат исто???
Зар ги давате парите да им ги земат родителите???
Дајте на сите, па кој е доблесен нема да се пријави да живее од вашите популистички мерки а наши пари!!!

Антикризни мерки за основци, средношколци и студенти се следни:

Бесплатно образование, бесплатни учебници, удобни средношколски и студентски домови, бесплатен или поефтин превоз, кино, театар, телефон, концерти, спортски активности…
Бесплатен или по минимална цена оброк кој ги задоволува нутритивните потреби на младите и децата.
Препознавање и работа со талентирани деца.
Психолошка и педагошка заштита при секое несакано дејание и потреба.

Делење пари по мерка “така ни текна” ќе ве чини многу.
За жалење сте и вие и вашите мерки!
Предизборен срам!
Арамии!!!

Ги поделивте и децата на сиромаси и богати!!!
Дискриминатори!!!”, пишува Колариќ во врска со обидот на власта, според многумина, да направи предизборен поткуп со помагање на одредени категории граѓани.