„Луѓето прашуваат зошто не се подготвивме подобро за оваа војна, зошто Зеленски до крај негираше дека тоа ќе се случи“, рече ррадоначалникот на Киев Виталиј Кличко за швајцарски весник во кој го нападна украинскиот претседател.



Има премногу информации кои не одговараат на реалноста“, изјави 52-годишниот поранешен светски шампион во бокс, обвинувајќи го украинскиот претседател за „грешки“.

Тој ги повика сите да бидат искрени за реалната ситуација во Украина по руската инвазија. Зеленски сега плаќа за грешките што ги направи“, смета Кличко.

„Се разбира дека можеме еуфорично да ги лажеме нашите луѓе и партнери, но не можете да го правите тоа засекогаш“, рече тој, давајќи му јасна поддршка на началникот на Генералштабот на Украина, генерал Валериј Залужни, кој ги поттикна критиките пред еден месец објавувајќи дека војната дошол во ќор-сокак.

Кличко смета дека Залужни ја кажал вистината која „понекогаш луѓето не сакаат да ја слушнат“.

Тој се изјасни против политичките игри во Украина, велејќи дека не треба да има внатрешни конфликти во земја која се бори за опстанок. Поради ова, тој одби да разговара за неговите лични планови и јавно му изрази поддршка на Зеленски. „Денес претседателот има важна функција и мораме да го поддржуваме до крајот на војната, но кога ќе заврши војната, секој политичар ќе треба да одговара за своите успеси и грешки“, рече Кличко.