Албанските пензионери ќе добијат „празничен бонус“ во износ од по 5 илјади леки (50 евра).
Според одлуката на владата со оваа мерка ќе бидат опфатени околу 700 илјади пензионери, за што се предвидени средства во износ од 3,5 милијарди леки.
Министерот за економија Ервин Мете објави дека бонусот ќе биде исплатен во текот на месецов, што е втор по оној исплатен во месец април.






