Во изминативе два дена (1 и 2 декември) граѓани споделуваат објави на социјалните мрежи од кои мои може да се заклучи дека ветувањето за старт на евтината дневна тарифа – потфрли.



Т2 е знак дека имате евтина струја

Имено се жалат дел од граѓани чии домови спаѓаат меѓу оние 170.000 каде се вградени нови елејтрични броила со далечинско отчитување и за кои е речено дека веќе од 1 декември ќе имаат струја по „евтина“ тарифа во периодот помеѓу 13 и 15 часот секој ден, покрај досегашната која важече само за недела.

Како што може да се види од сликата, стрелката во периодот 13-15 часот останала на ознаката Т1 (скапа) наместо на Т2, која означува дека струјомерот мери евтина дневна тарифа.

Пренесуваме дел од реакциите: