Не само од Балкано и граѓаните на помалку развиените земји ги препознаваат придобивките од Норвешка, туку им се“ повеќе Финци сега се селат во таа земја во потрага по подобра заработка.
Кога се зборува за висок стандард, но и за квалитетот на воспитувањето на децата и создавањето семејство – Норвешка е секогаш на врвот на листата на супериорните земји.
Таа е понапредна од Шведска и Данска, кои заедно со Норвешка ја сочинуваат ултра богатата „тројка“ на Северна Европа, а ја надминува и Финска.
Според сегашните податоци, заклучно со вториот квартал од 2023 година, просечната плата во Норвешка изнесува 54.000 круни месечно или околу 4.650 евра.
Претходно дестинацијата на Финците ќе беше Шведска, но тоа веќе не е така, се вели во соопштението на советодавната служба на нордискиот совет на министри, пренесува Независне новине.
Миграцијата на Финците во Норвешка, каде што со текот на годините емигрирале околу 400 до 500 луѓе, генерално беше многу помала во споредба со Шведска, каде што годишно се преселуваат до 2.000 фински граѓани.
Сепак, „сега Норвешка им е многу поинтересна поради подобрите плати“, се вели во соопштението што го пренесе финската агенција STT.






