Поранешната вработена во кабинетот на спикерот на парламенот, Трајко Велјановски, и осомничена во врска со настаните од 27 април минатата година, Елена Доцевска Божиновска, би можела да биде „ослободена“ од Истражниот затвор „Шутка“ и остатокот од превентивната мерка да ја мине дома, со двете деца и сопругот, откако Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција побарало ублажување на мерката.
Од обвинителството било поднесено барање до Освновниот суд Скопје,мерката притвор за Доцевска да биде заменета со мерка куќен притвор.
Во изминативе два месеци имаше многу пораки и гестови на искрена поддршка од луѓе, знајни и незнајни, од различна националност, вероисповед и политичка определба за притворот на Елена.
Слобода за Елена се бара(ше) и на социјалните мрежи, но и и преку написи поставени на оградите од затворот.
За неправдата, Елена доби и поддршка од затвореничките кои заедно со неа се солидаризираа во штрајкот со глад.
Во новогодишната ноќ, нејзиниот сопруг ѝ упати порака: „Нашите мисли и срца се со неа. Бог да ја укрепи и да и даде сила. Те сакаме!
Тој претходно, за медиумите кои сакаа да го пренесат тоа, изјави дека двете деца постојано прашуваат кога мајка им ќе се врати дома.
Претходно Обвинителството побара од куќен притвор да биде ослободена и пратеничката Жаклина Пешевска, а со куќен притвор да е замени сегашниот притвор во Истражниот затвор за оперскиот пејач Игор Дурловски.




