Која е Арбана Пашоли, најмоќната но најмалку позната жена во ДУИ

Во моментов најмоќна жена во ДУИ не се ниту екс вицепремиерката и екс градоначалничка на Тетово Теута Арифи ниту пратеничката и заменик претседател на комисиите за Европски прашања и уставната комисија Арта Биљали Зендели.



Партиски извори тврдат дека тоа е Арбана Пашоли, една од партиските функционери со најдобра политичка иднина во партијата која соочена со низа корупциски скандали ќе мора да направи сериозни внатрешни реформи и кадровски промени.

Дебарчанката Пашоли има 42 години, по занимање е психолог и важи за стабилна личност која нема непријатели.

Во јавноста е малку позната иако е претседател на собранискиот комитет за односи меѓу заедниците кој важи за неофицијален Горен Дом на парламентот.

Во исто време Пашоли која е најмалку споменувана жена во ДУИ од ланскиот конгрес е и потпретседателка на Али Ахмети во партијата.

За нејзина стратешка предност се смета тоа што има одлична соработка со амбасадата на САД во Македонија.

Таа според повеќе извори може да биде една од главните играчи во ДУИ за многу брзо време.

Податоци за Арбана Пашоли:

Член на ДУИ.
Родена на 19.4.1981 во Дебар. Албанка. Институт за психологија, УКИМ – Скопје.

Активности во Собранието:

Комитет за односи меѓу заедниците, член
Национален совет за евроинтеграции, заменик-член
Комисија за култура, член
Комисија за деловнички и мандатно-имунитетни прашања, член
Комисија за одбрана и безбедност, заменик-член
Постојана анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот, заменик-член
Комисија за надворешна политика, заменик-член
Комисија за транспорт, врски и екологија, заменик-член
Комисија за еднакви можности на жените и мажите, заменик-член
Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Кралството Белгија, член
Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Португалската Република, претседател