Лидерот на Алијанса на Албанците се согласува дека следните бизбори треба да се одржат едновремено, но смета дека доколку парламентарните и претседателските избори се одржат заедно, тогаш изборот на претседател ќе остане во сенка.
„Пред неколку месеци зазедовме став дека се потребни двојни избори, но изборот на претседател ќе биде во сенка, затоа целата политичка моќ ќе биде концентрирана на парламентарните избори.
Ние како партија се согласуваме дека 8 мај е денот на изборите“, рече Арбен Таравари во Гостување на „Само вистина“ на Канал 5.







