Група Албанци од Косово на Денот на знамето, 29 ноември, направиле хаос во Портогруаро, предградие на Венеција, јавуваат тамошните медиуми.
Најмалку дваесетина Албанци го блокирале Корсо Мартири со своите автомобили, а потоа, и покрај забраната за автомобили, се упатиле кон плоштадот на Републиката во тој град и се обиделе да го подигнат албанското знаме на еден од најголемите јарболи., пренесе Фокус.
Тој јарбол, како што пишува „La Nuova Venezia“, е резервиран за италијанската тробојка.
На Албанците сега им се закануваат кривични пријави и административни санкции, пред се за блокирање на сообраќајот, како и за бучава и оштетување на државен имот.







