Осудениот Игор Југ, напиша дека Мухамед Зеќири како „лажен сведок за 27 април“, случајот за кој тој одговара. Југ јавно му испрати порака до ексгенералниот секретар кој денеска доби 2,6 години затвор. Ова доаѓа откако во 2018 година Зеќири сведочеше против Југ во предметот за 27 ми април и кажа „ На лице со брада му падна пиштолот и го бараше во толпата“.
„Уште еден лажен сведок за 27 април се лизна. Ако се две и пол години, потешки ќе ти се него на мене, моите дванаесет. Си видел пиштол? Е сега ќе гледаш будали, наркомани, педофили. Ама на јаве, не на сон како што го виде пиштолот“, напиша меѓудругото Југ, кој ја Русковска ја нарече „учителка“ на Зеќири.
https://www.facebook.com/permalink.php?story_fbid=371762725312834&id=100074373285213&ref=embed_post





