Пензионерите се поделија: Едни на протести, други на коктел – дали растот на пензиите е предизборен поткуп?!

Покачувањето на пензиите нее предизборен поткуп, туку реална помош во време на криза, вели премиерот откако јавноста се крена на нозе дека власта изготви пакет помош кои ќе трае точно до избори. Димитар Ковачевски смета дека највозрасните граѓани немало да останат на цедило, иако до сега никој не кажа дека барањето за 5.000 денари ќе им биде исполнето.



Премиерот Димитар Ковачевски, ја искористи паузата во законодавниот дом за да дојде во Клубот на пратеници на средба со Сојузот на пензионери, но не и со тие кои се на улици и протестираат. 

Здруженија на пензионери седнаа на маса со премиерот, ама не и оние кои цело време протестираа. Зошто не биле поканети, премиерот не кажа. На состанокот беа само оние кои се под капата на Сојузот на пензионери.

На средбата меѓу власта и дел од пензионерите главната тема беа антикризните мерки. Претседателката на Здружението на пензионерите беше среќна што власта им дава помош, иако смета дека сепак може и повеќе. И додека одредена група на пензионери е задоволна со новото покачување на примањата, друга многу поголема група веќе најавува нови протести веќе од следната недела, оти како што велат, не сакаат никој да си игра мајтап со нив.