Поранешниот генерален секретар на Владата, Мухамед Зеќири кој е осуден на две и пол годишна затворска казна во предметот во кој беше обвинет за злоупотреба на службената положба и овластување нема да враќа околу 500 илјади евра за кои судот одлучи дека се злоупотребени во криминалот. Според судската одлука иако во процесот е утврдено дека е виновен за две дела каде криминалот вкупно е вреден над еден милион и 700 илјади евра тој ќе треба да врати само околу 1,2 милиони евра. Факти од пресуда за Мухамед Зеќири ▪️2,5 години затвор, му остануваат уште 11 месеци за доиздржување ▪️1.159.972 € да врати во рок од 6 месеци од денот на пресудата. Зеќири со 2 јавни набавки во пошта и железница, набавки спротивни на закон го оштетил буџетот за вкупно 1,721.000€ Сега постои има голема можност до потврда на пресудата во апелација на Зекири да му застари делото



Тој, додека бил генерален секретар на Владата, склучил на договор со фирмата Интерхолдинг за консултантски услуги за потенцијална приватизација на А.Д. Пошти и Железници транспорт, со што направил штета од над 57 милиони денари на државниот буџет.

„Мухамед Зеќири виновен е затоа што од април 2021 до март 2022 година, во својство на генсек извршил две временски поврзани дејствија. Како службено лице презел дејствие со намера за друг да прибави имотна корист. На 4.5.2021 година, без спроведување на јавна постапка, склучил договор со фирмата Интерхолдинг на износ од 795 илјади евра без ДДВ, во што со умисла му помогнале осомничените хрватски државјани кои не се достапни на органите на прогон“, кажа судијката Јанчулева Михаиловска во пресудата.

Владата пак, ги исплаќала сумите кои ги потпишал Зеќири со Интерхолдинг, со што настанала штета на буџетот.

„Судот обвинетиот го осудува на казна затвор од 2 години и шест месеци, а во вака изречената казна затвор му се пресметува и времето поминато во притвор и куќен притвор.

Се задолжува Мухамед Зеќири да ја надомести штетата 71.338.336 денари во рок од шест месеци по пресудата“, рече судијката.

Зеќири пак, треба да ги плати и сите судски трошоци за судењето.

Според обвинетето во повеќе наврати од сметката на Владата на РМ се исплаќани парични средства на сметката на правното лице, со што за правното лице е прибавена значителна противправна имотна корист во вкупен износ од 57.932.100,00 денари (околу 942 000 евра), што го претставува износот согласно договорот зголемен за 18 отсто ДДВ, а за кој износ е оштетен Буџетот на РСМ“, соопшти Обвинителството на почетокот на процесот.

Вториот договор за кој се гони Зеќири е за консултантски услуги за потенцијална приватизација на „Железници“ – Транспорт АД Скопје и бил склучен на 23.06.2021 година, со друга консултантска фирма во вредност од 772 400 евра без ДДВ.

„На сметка на ова правно лице Владата на РСМ врз основа на издадена фактура првично исплатила аванс од 11.284.162 денари (околу 183.000 евра) за одржување на почетен состанок со правното лице, односно за официјално започнување на проектот, а потоа врз основа на уште четири фактури биле исплатени буџетски средства во износ од 26.247.138 денари (околу 378.000 евра), за кој износ е оштетен Буџетот на РСМ“, велат од Обвинителството.

Пред да се склучат овие договори не се испочитувал Законот за јавни набавки односно не била спроведена соодветна јавна набавка за да може на конкурентен начин да се избере фирма.

Зеќири на функцијата генерален секретар беше назначен во ноември 2020 година