Неа демократија со здраво водство пред СИРИЗА

Најновиот политички барометар на грчката политичка сцена покажува дека Неа демократија го одржува водството над СИРИЗА со 37 отсто наспроти 21,5 отсто поддршка во јавноста. Централно-левичарското Движење (ПАСОК, Потами и уште некои ситни партии) е на трето место со 13 проценти популарност во јавноста, зад кое е „Златна зора“ – 8 отсто и Комунистичката партија(ККЕ) 7,5 проценти.



Помалиот коалиционен партнер „Независни Грци“ (АНЕЛ) на Панос Каменос, има само 2 отсто поддршка во јавноста, покажува истражувањето.

Во сценарио на петпартиски парламент, се проценува дека Нова демократија би имала 148 до 165 пратеници, што ја доближува опозициската партија до можност да освои апсолутно мнозинство во 300 члениот парламент, што е малку веројатно.

СИРИЗА би имала 53-70 пратенички места, потоа Движењето за промени со 30-44 пратеници, Златна зора со 19 до 28 пратеници и ККЕ со 17 до 26 пратеници.

Истражувањето беше спроведено пред протестниот митинг во Солун против употребата на терминот Македонија во новото име на северниот сосед.