Лавров: Кукавичлук е што Блинкен и Борел заминаа од Скопје

Шедот на руската дипломатија на денешната прес-конференција го оцени како „кукавички“ потегот на американскиот државен секретар Ентони Блинкен и шефот на европската дипломатија Жозеп Борел да заминат пред да пристигне тој на министерски совет на ОБСЕ во Скопје.



„Мојот колега Блинкен го избегна самитот, но јас сум тука. Блинкен си замина, Борел си замина. Зошто го направија тоа? Веројатно сакаа да ја нагласат нивната намера за изолација на Русија, но мислам дека едноставно постапија кукавички. Се исплашија од секаков искрен разговор поткрепен со факти“, изјави Лавров, како што пренесе Фокус..

За информациите што деновиве беа присутни во јавноста за евентуална можна средба со американскиот колега Блинкен, Лавров со одговор:

„Блинкен го одбегна митингот, а јас сум тука, не го видов тука, но Захарова ми покажа две фотографии во македонските весници. Првата од синоќа кога сите дојдоа на вечера, тие се фотографираа со Блинкен и тоа го направија за да кажат дека сите дојдоа, освен Лавров.

„Од вчера, од утринската сесија, на која бев и јас, на фотографијата немаше украински министер, немаше полски. Тие се кукавици, се плашат од разговори тука пред сите. Ова е кукавичлак, поминаа две години од оваа војна и видовме дека никој немаше аргументи за војната“, “, рече рускиот МНР, пренесе Макфакс

По долгата прес-конференција, Лавров и руската делегација го напуштија Самитот и Скопје…