Секојдневно се преземаат низа активности во врска со Исчезнатата 14-годишна, Вања Ѓорчевска, претставува приоритет на секторот за внатрешни работи и посебно формираниот штаб кој работи на нејзино пронаоѓање, соопшти министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски. Девојчето
„Преземаме опсежни мерки. Не зборувајќи за детали, опсежни мерки. Искористување на сите можни капацитети за јавната безбедност кои што значат пред се подигнување на камери.
Преку 50 места со камери се преземени и прегледани. Целосно е во функција системот ‘Сејв сити’ каде што исто така се преземаат мерки. Сите податоци од телеком операторите кои може да бидат важни се прегледани. Десетици и десетици лица се преслушани за информации за овој настан.
Преземени се електронските уреди од семејство и од девојчето, се вештачат, еден дел се земени податоците. Имаме одредени податоци од овие уреди кои може да бидат од помош на истрагата и целата постапка.
Се пребаруваше и речно корито на Вардар, сите подрумски простори, не само во околината туку и пошироко. Се работеше на пребарување, односно добивање податоци информации од црквите и манастири кои се во близина на Скопје. Имаме опсежна активност и тука нема да се застане“, рече Спасовски.
На Ваља Ѓорчевска ѝ се губи тграга во понеделникот кога од дома околу 7,20 минути тргнала кон ОУ „Песталоци“.
Откако класниот раководител ја информирал дека не се појавила на училиште, мајката веднаш го пријавил случајот во МВР од бкаде веднаш почнаа со потрага.
Во истрагата се вклучи и Интерпол, а медиумите од соседството јавуваат за нејзиното исчезнување.







