Шефот на руската дипломатија, Сергеј Лавров дефинитивно е главната „ѕвезда“ на Министерскиот совет на ОБСЕ што се одржува во Скопје.
Неколку десетици новинари и фоторепортери влегоа во салата пред почетокот на прес-конференцијата на Лавров…
Лавров вчера беше бојкотиран додека се обраќаше пред своите колеги- министри на земјите членки на ОБСЕ по што ја напушти салата…
Веднаш по завршување на прес-конференцијата, тој ќе замине од Скопје и нема да присуствува на завршната пленарна сесија на која ќе се носат клучните одлуки за иднината на ОБСЕ.
Заедно со Лавров заминува и руската делегација и руските новинари.






