Дијана Мондино, новата министерка за надворешни работи на Аргентина, изјави дека нејзината земја нема да се приклучи на БРИКС, јавува АП.
„Нема да влеземе во БРИКС“, напиша Мондино, министерот кој го избра новоизбраниот претседател Хавиер Мајли, на мрежата Х, поранешен Твитер.
Падна одлука за прием на 6 нови членки во БРИКС
Овој потег кој доаќа три месеци откако Аргентина беше поканета за прием во БРИКС е навестување за драстична промена во надворешната политика што ќе биде воведена во Аргентина кога Милеи ќе ја преземе функцијата.
Аргентина е една од земјите која беше официјално поканета да се приклучи на групата БРИКС во август оваа година. Покрај Аргентина, официјална покана добија и Саудиска Арабија, Египет, Етиопија, Иран и Обединетите Арапски Емирати.
Групата потоа им наложи на министрите за финансии и гувернерите на централните банки да го разгледаат прашањето за локалните валути, платежни инструменти и платформи и да им пријават на лидерите на БРИКС до следното лето.
Но, новоизбраниот аргентински претседател Хавиер Милеи, кој ја презема функцијата на 10 декември, за време на изборната кампања вети дека ќе ја укине централната банка и ќе го воведе доларот.






