Андреј Петров и Илија Димовски се



Поранешните пратеници од редовите на СДСМ и на ВМРО-ДПМНЕ, Андреј Петров и Илија Димовски, ја оттфрлаат можноста одново да се вратат во Собрание како пратеници.

„За мене пратеничката функција е завршена работа“, одговори Андреј Петров во синоќешното гостување во „Клик Плус“ на ТВ21.

Слично, на исто прашање одговори Илија Димовски.

„Засега не размислувам за тоа. Немам амбиции да се вратам на функцијата пратеник“, изјави Димовски.