Европскиот сојуз за промена загрижено ја следи кампањата на ДУИ и Судскиот совет за разрешување на Беса Адеми од позицијата Претседател на Врховен суд. Ја потсетуваме јавноста дека борбата за разрешување на г-ѓа Адеми е со цел да се врати Груевски и да има негова целосна амнестија, велат од Европски сојуз за промена.
„Денешните предупредувања за разрешувањето на г-ѓата Адеми од позицијата Претседател на Суд, потврдуваат дека Европскиот сојуз за промена биле во право – дека политичкиот притисок се води од Влада до Врховен суд, како последна пречка за враќањето на Груевски. Сме имале право кога прашавме дали се подготвува враќањето на Груевски со помош на ДУИ, сме имале право кога алармиравме за политичкиот притисок на ДУИ кон Беса Адеми.“ – велат од Европскиот сојуз за промени.
На претседателката на Врховниот суд, Беса Адеми, која побара помош од американската амбасада сега и се заканува разрешување.
СДК.мк објави дека членот Миљазим Мустафа избран од Собранието е тој што ја иницирал постапката.






