Членови на екстремната левица денес нападнале официјален претставник на екстремно десничарската партија „Златна зора“ на плоштадот во градот Ираклио, на островот Крит, откако протестирале поради состанок на кој се разговарало за името „Македонија“.



Тензиите достигнаа врв кога демонстрантите се најдоа лице в лице со советникот на „Златна зора“, Ѓоргос Спиропулос, веднаш по состанокот и го нападнаа, поради што полицијата интервенираше.

Спиропулос со брза поомош бил пренесен во болница за третман на повредите.

Крит, се најде во фокусот на јавноста во Македонија минатата недела по информацијата дека од овој остров среде Медитеранот, група од дваесетина митингаши стигнале на големиот антимакедонски протест во Солун – на коњи?!