„Аналитичарот Ибраим Мемети нема дилема дека партиите ќе се договорат за датумот на изборите на лидерската средба во понеделник. Според него, неуспехот да се изгласаат уставните измени не остава друг излез.“ – објави ТВ Клан Македонија, изнесувајќи дел од поважните нагласки на политичките аналитичари, кои учествуваа во нејзината емисија „Клан дебата“.
Ставот на ВМРО-ДПМНЕ за премиерот-Албанец е погрешен!
Во информацијата со наслов „Аналитичарите: Партиите ќе се договорат за изборите!“ натаму ТВ Клан Македонија пишува: „Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ се под контрола на раководството, немаат лична самостојност. Тоа е трагедија за нив и за демократијата во државата. Апсурдно е, без аргументи да потпишеш пред една година дека нема да гласаш за закон или за што и да. Ова укажува дека тие се под контрола на еден човек и поради ова ќе има штета неизбежно. – изјави Мемети.
Според аналитичарот Алберт Муслиу, ставот на ВМРО-ДПМНЕ е штетен, особено кога се во прашање техничката влада и премиерот-Албанец. „Погрешна стратегија е сега да почнуваш да ја повлекуваш поддршката за техничката влада, за да нема премиер-Албанец. Ова ќе предизвика последици. По изборите ќе треба да разговарате со некоја партија. Штетно е што имаат таков пристап, оние кои го промовираат. Тоа е бескорисно.“ – посочи Муслиу.
Во понеделник, на 4 декември 2023 напладне ќе се одржи лидерска средба, на која се очекува да се разговара за теми поврзани со претседателските и парламентарните избори следната година. Премиерот Димитар Ковачевски изјави дека очекува конструктивна средба без уцени од политичките партии. Според него, во моментов нема расположение за укинување на техничката влада.





