„Кога ја почнавме активноста, ја почнавме за да ја направиме Албанија, да нема граница, но политиките се сменија и избравме прагматизам, а не фанатизам.’ – порача неодамна Али Ахмети, потврдувајќи дека војната во 2001 година беше исклучиво за територии, а приказната за борба за човекови права беше наметната однадвор, за да се оправда освојувачката мисија. Таа освојувачка мисија продолжува и денес.“ – се истакнува во анализата на новинарот Сашо Таневски со наслов „Со акти на уривање на уставното уредување не се добиваат избори, а во функционални држави се добива казна затвор“, која ја објави весникот „Нова Македонија“.
Предизборна тактика, или големодржавна стратегија?
Покрај другото, натаму во анализата се нагласува: Најнов пример е грубата и дрска злоупотреба на Денот на албанското национално знаме, што се одбележува и во земјава, за повторно покрај знамето на туѓа држава истовремено да се истакнат и мапите на голема Албанија, придружени со вербални восклици и интерпретации на националсепаратистички текстови на песни. Без оглед колкава улога да им се довери во управувањето со државата, голем дел од политичките претставници на Албанците во земјава и натаму ќе го сонуваат сонот за голема Албанија и ќе работат за тие интереси.
„Кога некој поставува споменици на една територија и не дозволува никој друг да постави споменик или некаков свој белег, кога на таа територија се вее туѓо знаме, кога таму не важат законите на државата, тогаш станува збор за отцепена територија. Кога веќе мапите на голема Албанија стигнаа и во училиштата, се слават туѓи знамиња, се интонира туѓа химна, се отфрла македонскиот јазик како заеднички, тогаш тоа е туѓа територија, веќе освоена. Тоа што не успеаја со оружје во 2001 година, некој ги поучи да го направат така што ќе ги поткопуваат институциите на државата однатре. Кога стигнавме во фаза на целосно нефункционална држава и на уништени институции, лесно ќе се отвори прашањето за нејзино редефинирање. Затоа сега зачести оваа иконографија и со мапи на голема Албанија и со албански знамиња насекаде.“ – објаснуваат соговорниците, со кои се консултиравме.
„Време е за радикални промени во државата, или ни следува распаѓање.“ – категоричен е политичкиот аналитичар Синиша Пекевски.





