„Унапредувањето’ на Албанците во * Македонија нема да се направи со поништувањето на ознаката ’20-процентен народ’ за нив во Уставот, туку со внесувањето на бугарското малцинство во него. ‘Унапредувањето’ на Албанците нема да биде со албанскиот јазик како 100-процентно официјален во Уставот, туку со внесувањето на 100-процентниот бугарски јазик во него. Албанците ‘напреднале’ толку многу, што и големиот национален празник 28 ноември не е државен празник во * Македонија, туку е обичен работен ден.“ – вели Сулејман Мехази, политички аналитичар од Тетово, во изјавата за влијателниот косовски весник на албански јазик „Бота сот“.
Покрај другото, натаму „Бота сот“ пишува: Мехази вели дека дури и сега во 21 век Албанците продолжуваат да се соочуваат со предизвиците од неправедната политика на Европа. „Во ваква ситуација се наоѓаат горе – долу и Албанците од * Македонија, иако таму се унапредени. Но има натаму работа во таа насока.“ – посочува овој политички аналитичар.
Според него, Албанците во * Македонија се поделени во 7-8 политички партии, за кои нивните партиски обележја се повредни од обележјата на Исмаил Ќемали, главниот автор на Декларацијата за независноста на Албанија и претседател на Привремената Влада на Албанија од 1912 година. „За овие албански политичари знамињата, химните и амблемите на нивните партии се повредни од знамето, амблемот и химната на Исмаил Ќемали. Во името на 28 ноември тие ги искажаа нивните партиски патриотизми, а никако националниот албански патриотизам.“ – нагласува Мехази.





