Првиот вицепремиер Артан Груби соопшти дека Владата на вчерашнатаседницата во вторник го одобрила договорот за проектирање на патот Тетово-Прижерен, јавуја порталот Telegrafi



Алсат: Со тунел од 200 милиони евра Тетово ќе се поврзе со Призрен!?

„Сакам со вас да споделам една убава вест, на денешната седница на Владата го одобривме договорот за проектирање на патот Тетово – Призрен, со што и официјално го означивме почетокот на процедурите за реализација на овој голем проект кој ќе биде нов квалитетен комуникациски пат со Република Косово“, пишува Груби на својот Фејсбук профил.

Заменик Министерот за транспорт и врски , Беким Реџепи исто така вели дека со овој договор се конкретизира уште една стратешка капитална инвестиција за земјава, инвестиција која дава уште една алтернатива за развој на туризмот, зголемување на комерцијалната размена меѓу Македонија и Косово.